Центарот за меѓукултурен дијалог од Куманово во МОФ центарот – Тетово ја претстави иницијативата за регионално вмрежување, професионализација и развој на младинската работа. Целта на иницијативата е да се формира систем за поддршка на младите, да се развијат професионални стандарди и водичи за разботата со млади на нацинално ниво како и да ја дефинира законската рамка за признавање и развивање на разботата со млади во Македонија.
На средбата присуствуваа претставници на невладините организации Младински образовен форум, ЦЕД, Сонце, Мултикултура, ЛГБТ, , SN7, ЦРУЈЖ, ЦДРИ, Форум на жената албанка, претставник од проектот YES network USAID, кои дадоа согласност за спроведување на иницијативата. Преку работни групи, им беше претставена иницијативата.
МОФ центарот во Тетово е контакт точка за регионалното вмрежување во полошкиот регион.
Иницијативата ќе продолжи на национално ниво каде што ќе бидат поканети сите организации и ќе се разговара подетално за проширување на иницијативата.
Бобан Костадиновски