Во Македонска филхармонија вечер од 19 часот ќе се одржува мултимедијален инклузивен концерт „Види ме“ во изведба на учениците со оштетен вид од ДУРДМОВ „Димитар Влахов“.
На настанот, како поддршка и пример за инклузивност, заедно ќе настапат учениците од МБУЦ „Илија Николовски – Луј“.
Настанот е дел од акцијата за обезбедување финансиски средства за изведба и одржување на „Центар за рехабилитација на деца и лица со оштетен вид“ во склоп на ДУРДМОВ „Димитар Влахов“.