Во клубот „Минус еден“ во Скопје утре, сабота 8 февруари“, од 19 часот ќе биде одиграна „Диско (в)Љубеници“, најновата инклузивна претстава на „Трисомија 21“ во соработка со „Колектив Ветерница“ која го истражува полето на имерзивниот театар и феноменот на диското.
„Преку истата ги отворивме прашањата: Што е диско? Каква е диско музиката? Како се танцува во диско? Дали диското е за сите возрасти? Зошто диското е важно? На вас останува да се облечете во шљокици и да дојдете да почувствувате зошто е важно е да комуницираме и да се гледаме во очи, да танцуваме за да ja ослободиме вибрацијата на нашите тела без да се плашиме и срамиме дали сме чудни, смешни или трапави“, се вели во најавата.
Во претставата учествуваат: Марио Мицковски, Ена Митревска Елизабета Петковска, Коста Аризанов. Филип Ангеловски, Ирина Прокопиева, Стефан Трповски, Матеј Аларов, Оливер Блажевски, Ева Ѓорѓеска, Маша Блажева, Ена Ковачевска, Ана Јовановска, Саша Малевска, Мартин Манчевски, Матеј Петровски, Данаја Ефтимова, Милош Стојановиќ, Билјана Димитрова, Иво Николовски.
ДЏ Диско пар: Јоана Ристеска и Стефан Алијевиќ.
Претставата е во реализација од Здружението за поддршка на деца со даунов синдром „Трисомија 21“ во соработка со „Колектив Ветерница“ и поддржана од Министерството за култура.