„Аутизам МК“ и пријателите за утре, 2 јуни, од 11 часот во Градски парк во Скопје најавуваат уште еден инклузивен настан – најголемата и најразновидна игротека на „Школка“, петта по ред.
„Ќе играме, ќе пееме, ќе танцуваме, ќе бидеме ‘Повторно заедно’. ‘Школка’ овој ден ќе биде место каде ќе се сретнат вкусните сендвичи, фудбалот, шминките, сенките, плочката, кошарката, знаковниот јазик, ракометот, песните и танците, грижата за запчињата, извидниците, рубиковата коцка, фризурите и што уште не“, соопштуваат од „Аутизам МК“.
Од организацијата на Денис Јанкуловски – Космонаутко и пријателите велат дека поканети се сите деца кои сакаат да ја почувствуваат магијата на ЗАЕДНО.
„Затоа што ние сакаме уште еднаш да докажеме дека можеме, сакаме, умееме, треба и мора да растеме заедно. Да бидеме гласни и да викнеме силно ‘да, ние сме сите различни, но токму такви се прифаќаме и почитуваме, тоа го бараме и од вас’“, се вели во најавата за „Повторно заедно“.
Во продолжение, погледнете како беше атмосферата на ланскиот настан, кој веќе станува традиција на крајот на пролетта, или стартот на летото: