Рим има нови улични апарати од кои за само три минути купувачите можат да добијат свежо испечена пица.
Апаратите го носат називот „Мистер Гоу Пица“ (Mr. Go Pizza) и нудат четири различни варијанти на овој специјалитет по цена од 4,5 до 6 евра, пренесува Ројтерс.
Машината има проѕирно стакло преку кое купувачот може да гледа како пицата се подготвува, а оценките на корисниците се протегаат од „прифатливи доколку брзате“ до целосен хорор.
„Изгледа добро, но е многу помала од оние во ресторан, а има и многу помалку состојки“, објаснува пензионерот Клаудио Зампига.
„Ок е, но ова не е пица“, смета студентката Фабриција Пјулиезе.
„Ужасно е. Ова не е за мене“, додава Џина, пензионерка од главниот град на Италија.
„Никогаш не би помислил да јадам пица направена од машина“, вели Џовани Кампана кој јаде пица во ресторан во близина каде овој специјалитет на традиционален начин, во печка на жар.
Луѓето одамна јадат различни облици на тестенини со некакви состојки на нив, но општо прифатено е дека пицата е усовршена во Неапол, каде долго време била улична храна за сиромашното население.
Според историчарите овој специјалитет е измислен од куварот Рафаеле Еспозито, која ја направил првата пица „маргарита“ на 11 јуни 1889 година во чест на кралицата Маргарита Савојска при нејзината посета на Неапол со кралот Умберто I.