„Инспирацијата доаѓа од сè што се случува во и околу мене“ – #ИнстаИлустрации со Дрин Шаќири

Дрин Шаќири е студент по графички дизајн на Факултетот за уметност и дизајн при Меѓународниот балкански универзитет во Скопје.

За изработка на своите илустрации тој користи молив и туш, кои потоа ги довршува дигитално. Но, работи и со други техники како акварел и акрилик.

„Што се однесува за инспирацијата, можам да кажам дека таа ми доаѓа од сè што се случува внатре во мене како чувства и работите кои се случуваат околу мене“, вели Шаќири за Радио МОФ.

Во неговите илустрации, најчесто се забележуваат теми врзани со надреализам и егзистенцијализам, со елементи од различни митологии.

Шаќири е уште еден дизајнер кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите дизајни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MIZA (@miza.ink)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MIZA (@miza.ink)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MIZA (@miza.ink)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MIZA (@miza.ink)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MIZA (@miza.ink)