На почетокот на годината, „Инстаграм“ овозможил испраќање на директни пораки преку десктоп, но опцијата била достапна само за мал процент на корисници. Меѓутоа, од почетокот на април, оваа опција е достапна за сите корисници.
Компанијата преку својот „Твитер“ профил соопштила дека отсега сите корисници ќе можат да праќаат директни пораки преку десктоп.
*Sliding into your DMs*
Now you can get and send Instagram Direct messages on desktop, no matter where you are in the world 👍 pic.twitter.com/CT2SwuxHTv
— Instagram (@instagram) April 10, 2020
Праќањето и добивањето на Инстаграм пораки функционира како и на секоја друга мобилна апликација.
При логирањето од десктоп, иконата за инстант четување е поставена во горниот десен агол. Штом се кликне, од лева страна овозможено е прегледување на сите постоечки разговори.
Исто така, задржана е и опцијата за испраќање на директна порака преку мобилен телефон од самата апликација, само со отворање на посакуваниот профил и кликање на иконата за пораки.
Доколку сте премногу активни на „Инстаграм“, сега исто така можете да добивате нотификации и на десктоп без да пропуштите ниедна новост.
Имајќи предвид дека целиот свет е во изолција поради коронавирусот, ова е совршено време за праќање на директни пораки преку вашиот компјутер.
Извор: Mashable