Инстаграм ги овозможи каналите за емитување пораки на глобално ниво

Компанијата Мета вчера објави дека ги овозможува каналите за емитување пораки на Инстаграм и на глобално ниво. Досега, функцијата беше достапна само за одредени корисници, јавува „ТекКранч“.

Марк Закерберг го објави соопштението на својот канал и истовремено препорача неколку канали. Компанијата за првпат ја лансираше ваквата функција во февруари за да им овозможи на корисниците кои се „creators“ на платформата да споделуваат еднонасочни пораки до своите обожаватели.

За да ги побараат достапните канали на кои можат да се приклучат, корисниците треба да ја најдат новата опција во секцијата за пораки, каде е сместен делот „Предложени канали“. Овие предлози се засноваат на интересите, интеракциите и активноста на Инстаграм на корисниците.