По повод 17 февруари, Меѓународниот ден на антропологијата, Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ на УКИМ ги повикува сите средношколци да учествуваат во Инстаграм натпревар за најдобра фотографија на тема #НашитеСветови.
„Како изгледа секојдневието на вашата генерација и на луѓето кои ве опкружуваат? Регистрирајте моменти на солидарност и пријателство, но и на нешта кои заслужуваат критика“, стои во Повикот на ИЕА.
Најдобрите три фотографии ќе добијат награди:
– Друштвена игра „Катан“ (ново издание на македонски) од Гоблин Друштвени Игри во вредност од 2.500 денари
– Вредносен ваучер од Literatura.mk во вредност од 2.000 денари
– Занаетчиска ракотворба, подарок од социјалното претпријатие ESNAF \ ЕСНАФ во вредност од 1.000 денари
Сите дела кои ќе го поминат првиот избор ќе бидат објавувани на Инстаграм профилот на Институтот @etnoantropo.
* Правила: Фотографиите треба да бидат лично дело, не преземени од интернет. Тие не смеат да содржат навредливи содржини или да промовираат услуги или производи. Истите треба да бидат во формат погоден за објавување на Инстаграм. Фотографиите, со ваше име и презиме, училиште и клас треба да се испратат на на iea@pmf.ukim.mk, најдоцна до 15 февруари.