Во најновата верзија на Инстаграм, сега е овозможена опција да запрете прикачување „стори“ за време на процесот, што претставува можност за откривање грешки или проблеми пред тие да станат видливи за следачите, пренесува „Social Media Today“.
Како што може да се види од примерот објавен од експертот за социјални медиуми Ахмед Ганем, сега е поставено копче во текот на прикачувањето „стори“ што овозможува да спречите едно „стори“ да биде видливо за публиката.
Како што наведуваат од „Social Media Today“, ваквата опција е добредојдена за менаџерите на социјални медиуми, поради грешките кои можат да се појават при прикачување стори, како додавање погрешен линк, правописни грешки, означување профили и слично.
Новата опција, како што се посочува е достапна во најновата верзија на апликацијата.