Адриан Јорданов е графички дизајнер во маркетинг агенцијата SignUp. Тој во слободно време работи на илустрации и анимации како „фриленсер“.
Јорданов е дипломиран графичар и графички дизајнер на Факулетот за ликовни уметности во Скопје.
Во неговите илустрации изобилува бојата, иако за нив тој вели дека често имаат мрачни теми. Инспирација црпи од цртани филмови како „Gravity Falls,” „Over The Garden Wall”, но и од илустраторите како J.H. Williams, Jen Zee и Ivana Flores.
Јорданов е уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации: