Александра Филипоска, позната и под псевдонимот Fitzka е дипломирана ликовна уметница на Националната ликовна академија во Софија, Бугарија, на отсекот рекламен дизајн (Design in Advertising).
Таа работи како графичка дизајнерка долго време, а како илустраторка во полето на детска илустрација и наменска илустрација за детска литература е активна последниве две-три години.
„Едноставно се заљубив во тој свет на сите тие срценца, еднорози, виножита“, вели Филипоска за Радио МОФ.
За неа предизвик се едноставни векторски форми кои сами по себе зрачат со емоција.
„Децата се најголеми критичари, и најголемо задоволство е да ја видиш нивната реакција, дали нешто им се допаѓа или не, што прави оваа работа да биде уште поголем предизвик“, забележува таа.
Филипоска е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:
View this post on Instagram
Angry A. . . . #36daysoftype #36days_A #36daysoftype07 Let’s see how the challenge goes!