Александра Хаџи-Наумова Атанасовска е илустраторка на детски изданија. Таа дипломирала на Факултетот за ликовна уметност на отсек сликарство, насока рачно правена хартија.
Досега реализирала повеќе самостојни изложби, дома и во странство, а учествувала и на повеќе групни изложби и колонии.
„Пред околу 8 години почнав да се интересирам за дигитална илустрација, сосем случајно, откако ми понудија да илустрирам детска книга. Тоа прерасна во пасија и низ годините илустрирав голем број книги од странски автори, за странскиот пазар. Работев и како ликовно-графички уредник и главен илустратор на списанието „Росица градинка“, цртав за уште уште три детски списанија, илустрирав и неколку книги за македонскиот пазар, а сега како фриленсерка соработувам со неколку странски и домашни автори“, појаснува таа.
Според Хаџи-Наумова Атанасовска, секоја книга и приказна е инспирација за себе. Креативноста, пак, надоаѓа кога паралелно работи на различни проекти.
„Имам многу идеи, а малку време“, посочи таа.
Наскоро, оваа уметница се надева дека ќе илустрира и своја книга, своја приказна која ќе ја раскаже пред јавноста.
Хаџи-Наумова Атанасовска е уште една илустраторка кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram