Александра Паунчевска од Охрид студира визуелни комуникации во Марибор, а се занимава со реалистична и дигитална уметност. Во своето изразување користи 2Д и 3Д анимација, но и класично цртање.
„За реалистичната уметност сум инспирирана од историјата, митологијата (цртам разни митолошки ликови) и историската архитектура. За апстрактната уметност сум инспирирана од психоделичната уметност, а за дигиталната од анимирани цртани ликови или ликови од видеоигри“, вели таа за Радио МОФ.
Паунчевска е уште една илустраторка кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации: