Ана Тодоровска е графички дизајнер во маркетинг агенцијата „Идеа +“ и е творец на проектот „Сувенири од Скопје”. Во слободно време се занимава со илустрирање.
На илустрациите гледа како на простор каде што има најголема слобода во креирањето и еден вид медитација. Еден дел од илистрациите се создадени од хоби и забава, еден дел се наменски за „Сувенири од Скопје”.
Илустрациите изобилуваат со јаки и весели бои, а инспирација генерално црпи од секојдневниот живот. Некогаш тоа се поговорки, некогаш делови од градот и природата, а во последно време по зададени теми од пријателите на социјалните мрежи.
Тодоровска е уште една илустраторка кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации.
Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:
View this post on Instagram
Тема: Лира, свемирско чудо вонвременско. #набарањенагледачите @kostakachurkov @zelkazelena