#ИнстаИлустрации – Анабела Тасевска

Анабела Тасевска е студентка на Факултетот за безбедност, на насоката Криминологија и криминална политика. Со почетокот на карантинските денови, соочена со досада и монотонија, открива дека цртањето е единствен „вентил“ за емоциите со коишто се соочува.

Досега запознала бројни артисти коишто секојдневно ja мотивираат да вежба и да се подобрува во тоа што го прави.

Нејзините илустрации кои ги споделува преку својот Инстаграм профил, потсетуваат на приказните на Нил Гејман и Тим Бартон. Но, нејзините дела се инспирирани и од илустратори како Крис Ридел и Џим Кеј.

„Убавината во нивните илустрации е неконкретноста во поглед на самиот стил. Кога ќе се погледнат креациите на Крис Ридел без да се знае дека станува збор за еден илустратор со огромен талент, ќе се претпостави дека станува збор за слики на редици различни илустратори“, вели Тасевска.

Во моментов црта само дигитално, но не ги заборава и традиционалниот молив и бел лист.

„Сега за сега во поглед на илустрирање работам на неколку проекти меѓу кои спаѓаат и нацрти и скици за една кратка видео игра“, најави таа.

Тасевска е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella❄️ (@snow_illustrations1)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella❄️ (@snow_illustrations1)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella❄️ (@snow_illustrations1)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella❄️ (@snow_illustrations1)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella❄️ (@snow_illustrations1)