Анастасија Јованова, која твори под псевдонимот Пио, е дипломиран графичар и графички дизајнер на Факултетот за ликовни уметности.
„Никогаш не планирав да просперирам кариера во уметноста, но поради мојот голем интерес на видео игри, стрипови и аниме, одлучив да се фокусирам во тој правец да работам“, вели таа за Радио МОФ.
Најголема инспирација во нејзината уметност е хорор мангаката Ито Џунџи.
„Неговите стрипови ги следам уште од кога бев во средно и за прв пат се запознав со манга стриповите. Како голем фан на хорор и sci-fi филмови, идеите на моите илустрации се најмногу инспирирани од тие теми и елементи. Исто така, митолошки теми или теми во врска со култот се најчесто инспирација за моите дела“, појаснува Јованова.
Во иднина, посакува да работи на проекти со илустрирање на видео игри или илустрирање на друштвени игри. Досега учествувала со свој стрип во списанието „Синдром Jr”, а понатаму сака да создава целосно свои стрипови.
„Најмногу сакам да работам дигитално, и најчесто правам проекти со моите илустрации. Најпрв и најбитен проект ми е „Zodiacs”, каде што ги прикажувам хороскопските знаци на начин којшто јас ги доживувам. Овој проект го започнав пред една година, кога почнав дигитално да работам и преку него може да се види како го пронајдов мојот стил. Сакам со боите и дизајнот на моите ликови да ги изразам експресивно моите емоции и доживувања, иако понекогаш изгледаат чудно и нејасно“, вели Јованова.
Следни проекти на кои работи се „Solar system”, каде што ги претставува планетите од сончевиот систем како cyborgs, а исто така планира да направи и свој шпил на тарот карти во sci-fi стил.
Јованова е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram