#ИнстаИлустрации – Андреј Дојчиновски

Андреј Дојчиновски од Битола е апсолвент на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кој сега го подготвува својот магистерски труд.

Иако изборот на факултетот го стави цртањето во втор план, студирањето архитектура го научило Андреј на многу работи кои се обидува да ги применува во илустрациите.

„Поретко цртам за сопствен ќеф, почесто цртам нешта со конкретна намена, дали е тоа омот за албумот на Red Sails Billow, или дизајн на принт за модниот бренд LOM. Сум дизајнирал и логоа за бендови. Како најпресен проект ќе го посочам новиот албум на бендот Lucent, за кој ја имав честа да изработам целосен дизајн вклучувајќи лого, омот, илустрации и фонт“, вели за Радио МОФ.

„Би рекол дека главно инспирација црпам од интернетот, кој ми овозможува да се поврзам со остатокот од светот, со музиката која ја слушам, филмовите и сериите кои ги гледам, и секако делата на безброј извонредни уметници и илустратори, странски а и домашни. Особено оние домашните (ги имаме доста!) ми даваат најголема мотивација да продолжам да цртам“, додава тој.

Дојчиновски е уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации:

 

View this post on Instagram

 

Print design for the META MORPH collection by LOM . Go check it out if you haven’t already 🐍 ▶@lom__label ◀

A post shared by Andrej Dojchinovski (@andrej_d_) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrej Dojchinovski (@andrej_d_) on