Ангела Неделковска работи како веб и графички дизајнер и студира Индустриски дизајн на Машинскиот факултет во Скопје. Таа од неодамна почна да го открива светот на илустрацијата, пробувајќи разни стилови со намера да го најде својот.
„Имам неколку илустрации со панда, која си ја нареков Bei the Panda, затоа што ми се едни од омилените животни. Сакам на секој што ќе го види моето дело да му го расположам денот, моментот, секундата, бидејќи реално живееме во малце посуров и да не речам монотон свет каде не владеат многу чувствата“, вели таа за Радио МОФ.
Неделковска е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:
*Доколку и ти си илустраторк/ка и сакаш да споделиш дел од твојот труд со нашата публика, пиши ни на нашиот Инстаграм профил, или на info@radiomof.mk