Белкис Аксу Челеби е илустраторка и графички дизајнер од Измир, Турција. Таа дипломирала филозофија, а магистрирала во областа на маркетингот. Во моментов, таа живее во Скопје каде работи на разни уметнички проекти.
„Моите илустрации се инспирирани од секојдневието во 90-тите, социјалниот идентитет на сегашната возраст и патувачката архитектура. Во својата работа користам акварел за да си играм со концептите на синестезија, социјален идентитет и уметност на дедукција. Имам присуствувано на дизајнерски пазари во Измир, Лондон и во Скопје и имам организирано работилници за илустрација со акварелни бои“, вели таа за Радио МОФ.
Белкис e уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации: