Дане и Нино Илиевски не се илустратори, но прават интересна спојка.
За Дане чкртањето е антистрес активност – чкрта за да се опушти и темите ги остава на случајност. Нино, пак, наоѓа предизвик во вметнување на карактерите од овие чкртежи низ локации од секојдневието.
Дане живее во Берлин, а Нино во Црна Гора, па оживувањето на овие ликови преку кратки видеа ја намалува оддалеченоста. Инспирацијата доаѓа од стресот и секојдневието, вели Дане за Радио МОФ.
Во продолжение, погледнете неколку производи од нивната креативна соработка: