Давид Ристевски, познат уште како Dreadpen, себеси се опишува како креативец со суканици и мало кученце (терминаторче) што го прати во секој чекор. Него може секој ден да го видите како вози со точакот по градот, а по него да трча Биги Малото.
По професија работи како дизајнер, но илустрациите го исполнуваат неговото слободно време. Ристевски е основач на брендот „Дредпен“ и е главен дизајнер и илустратор на една од најпрестижните книги за иновативност FFF (fastforwardforum.eu), каде автори се осумте најдобри лидери и претприемачи во Европа (од Дираж Мухержи – основач на Шазам, до Хедер Милс – основач на ВБајтс).
Тој е дел и од организацијатa и главен дизајнер на AllWeb (allweb.mk), првата интернет маркетинг конференција во Северна Македонија, која се случува 8 години по ред во Скопје, и 3 години во Тирана, Албанија. Покрај ова, низ годините соработувал и со бројни брендови, меѓу кои Редбул, Најк и Кока Кола.
Ристевски вели дека она што ги прави неговите илустрации препознатливи се шаренилата и малите чудовишта. Тој се труди да ја покаже и забавната и весела страна на овие ликови.
„Денот ми е главен извор на испирација. Поточно се она што ми се случува, она што правам, гледам и перцепирам го создава тој бунар од инспирација. Љубопитноста и гледање на работите од друга перспектива е вистинското комбо“, вели тој за Радио МОФ.
Ристевски е уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram