Дејвид Стоилковски е дипломиран графичар при Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Тој работи и твори во Куманово.
Со уличната уметност се запознал преку графити културата, за потоа да се префрли на цртање мурали и тетовирање. Стоилковски е автор на бројни мурали низ државата, но и во Америка, Австрија и Црна Гора.
Графитите за него знаат да бидат издувен вентил, кои како што вели тој, се целосно одговорни за ова што сега го прави.
Добитник е на наградата „Драгутин Аврамовски Гуте“ што ја доделува Факултетот за ликовни уметности, а учествувал во повеќе заеднички изложби дома и во странство. Периодов ја подготвува неговата прва самостојна изложба.
Стоилковски е уште еден уметник што се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите графити:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram