Тамара Чорбиќ и Незир Ќеримоски на Инстаграм ќе ги најдете со заедничкиот профил Design_Pricks. Тамара е архитектка од Скопје, а Незир е илустратор и графички дизајнер од Охрид.
„Нашата идеја е да го прикажеме нашиот начин на гледање на светот користејќи разни медиуми од рачна изработка до компјутерски дизајн, притоа задржувајќи го нашиот стил“, велат тие за Радио МОФ.
Тие се дел од илустраторите кои се приклучија на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нивните илустрации:
*Доколку и ти си илустраторк/ка и сакаш да споделиш дел од твојот труд со нашата публика, пиши ни на нашиот Инстаграм профил, или на info@radiomof.mk