Џошкун Алиевски се поврзува со уметноста уште во средношколските денови, запишувајќи се во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, на отсек графика, а подоцна дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на катедрата за турски јазик.
Сепак, паралелно вежбал и се надградувал како цртач за денес да се нарекува „млад слободен уметник со изграден сопствен начин на моделирање на цртежот“.
„Ме импресионираат флората и фауната, па оттука доаѓа мојата инспирација. Моите дела се илустративни најчесто со мотиви од ‘дивиот свет’ прикажани во своите божествени и мрачни страни. Најмногу се посветувам за цртежот, конструкцијата, а користам свежи и богати бои“, вели тој за Радио МОФ.
Алиевски е уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации: