#ИнстаИлустрации – Емил Петро

Емил Петро – Артериа, е визуелен уметник и научник, кој верува дека секоја приказна може да се раскаже на најмалку два начини од илјада возможни. Токму оваа мисла го води низ неговиот уметнички пат и оттаму доаѓа неговиот интерес за повеќе разлини уметничи медиуми на изразување.

„Секоја идеја е една возможна уметност или научно откритие, само треба да се одбере точната алатка која идејата ќе ја преведе во реализирана уметност или експеримент. Eкспериментот од друга страна е единствениот начин да се дојде до ново откритие – нова уметност. Анимацијата е медиум кој најмногу ме интересира, а тој процес е тесно поврзан со илустрација. Секоја креативна идеја кај мене започнува со цртеж или илустрација“, вели тој за Радио МОФ.

Во 2017 година е добитник на наградата за најдобра сценографија на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодринск” во Прилеп за претставата „Љубовни пози на историјата” по текст на Горан Стефановски, а во изведба на прилепскиот театар. Сценографијата се состоела од анимации од негови илустрации инпирирани од руската авангарда уменост и германскиот баухаус.

„Можноста за употреба на различни алатки во современиот дигитален свет е голема предност кај мултимедијалните уметници да комбинираат повеќе техники во креација на својата уметност“, смета Петро.

Според него, уметноста не може да постои ако не постои слобода во секоја смисла. Од друга страна, додава тој, значењето на истиот збор, може да се дефинира на различни начини, зависно од бројот на уметници вклучени во креативниот процес.

„Не сакам кога уметноста мора да има временска рамка, но од друга страна и таа рамка знае да биде врата до нови експерименти и сознанија. И времето знае да биде добар катализатор на мудроста“, верува овој уметник.

Петро е уште еден визуелен уметник кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите анимации:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emil Petro (@emilpetro)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emil Petro (@emilpetro)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emil Petro (@emilpetro)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emil Petro (@emilpetro)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emil Petro (@emilpetro)