Емилија Мишева или како што повеќето ја знаеме како Ем Елефантски е дипломирана новинарка и магистер по односи со јавност. За неа, пишаниот збор е првата љубов, но со тек на време визуелниот израз повеќе ѝ легнува на душа.
„Прво се заљубив во фотографијата, па манипулација на истата. Едното водеше кон другото. Создавањето е заразно. Така по патот на себепронаоѓањето, ме снајде илустрацијата. Низ илустрацијата сум директно Јас“, вели таа за Радио МОФ.
Пандемијата, смета Мишева, ја успори и ги блокираше идеите, но за неа ова е дел од голема промена и будење, или како што посочи сеопшто прифаќање и искусување.
„Испирација ми е животот, љубовта, Вивиен, универзумот, себеспознавањето, јогата, музиката, филмот, природата, луѓето, болката, тагата, сонот, чистината, темнината, пак љубовта. Засекогаш љубовта“, вели таа.
Мишева e уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:
View this post on Instagram