Енкел Дика e наградуван уметник од Струга, кој создава интересни илустрации инспирирани од поп-културата, комбинирајќи ја модерната и апстрактната уметност. Понекогаш низ неговите дела се провлекуваат и општествени пораки.
Досега учествувал и организирал бројни изложби, а соработувал и со домашни фестивали. Во моментов работи како фриленсер, но во слободно време сака да слика и да фотографира создавајќи мистични и хипнотички сцени.
„Креативноста отсекогаш била дел од мојот живот и наоѓам инспирација во сè што ме опкружува. некоја добра песна, природатa, филмовитe и во последно време вселенатa“, вели тој за Радио МОФ.
Дика е уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram