Ертунч Сали од Скопје е дипломиран графичар и графички дизајнер. Тој е еден од основачите на културниот центар „Кула“ за кој Радио МОФ пишуваше. Таму тој ја организира својата прва самостојна изложба, која истовремено е и прв настан на „Кула“.
Својата ликовност ја толкува како нео-експресионистичка. Како што ја наоѓа слободата во изразот преку сликарството и графиката, Сали, инспирацијата ја наоѓа во секојдневнието. Од најполитички до најкомшиски разговори, од најинтернационални до најпартнерски проблеми, од највозрасни до најдетски теми.
Со својот личен израз гради алтернативна перспектива на маргинализираните теми, нов јазик на одредени древни приказни и исмејување на убавото. Брзите потези на четка и тензичните линии ја најавуваат неговата љубов во уличната уметност. Со учество во повеќе групни и неколку самостојни изложби во и надвор од државава, во скопската сцена, тој, го продолжува своето делување во неговото скромно студио.
Сали е уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации: