Ферди Јајаи е дипломиран графички дизајнер на Факултетот за природни науки во Љубљана, Словенија. За себе вели дека отсекогаш бил „детето шо црта“.
Активно се занимава со дигитално цртање, а досега работел на графики за неколку компјутерски игри, веб стрипот на македонски јазик со битолски шеги насловен „Чамче Муабет“, стрип за книгата „Слободата на новинарите“ во Берлин, а неодамна го објави и неговиот прв краток анимиран филм „The Same“.
„Инспирација најмногу добивам од работите околу мене, од секојдневниот живот кој се трудам да го нацртам онака како што го разбирам/доживувам. Сакам моите дела да се „grounded“ и сфатливи, ама често знам да нацртам нешто апстрактно. Најмногу ме мотивираат интересни луѓе кој ги запознавам, настани и пица“, вели тој за Радио МОФ.
Јајаи е уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram