#ИнстаИлустрации – Гаја Смилевска

Гаја Смилевска е студентка по психологија во Италија, која за уметноста речиси и да нема формално образование, но тоа не ја спречува сама да учи и да твори.

„Зборот уметник ми е малку чуден да го користам во контекст за себе и до ден денес, но мислам дека било кој што создава нешто е уметник така што би било малку хипокризија ако и за себе одбивам да го користам“, смета таа.

Смилевска досега учествувала на работилници за илустрации, работела на краток стрип и била дел од фанзинови за собирање средства за донации како „Vast II“ и „The Heroine art-book“. Има добиено и награди на меѓународни и локални изложби како што се „Паратисима 2017“ и „Ин-ситу 2018“.

„За црпење инспирација мислам дека може да служи било што во секојдневниот живот. Било каков мал потег или едноставна сцена, не мора да е нешто претерано грандиозно. Омилен субјект за цртање ми се меѓусебни интеракции на луѓе и сакам да опфаќам чувство на блискост/изолација во моите дела. Мислам дека уметност од било кој тип е само обид да се пренесе чесна приказна, да се сподели нешто со гледателот/читателот. Со тоа мислам дека и создавање на уметност за моите другари ми е еден од омилените начини да покажам љубов. Било што што не инспирира да создаваме, мора да има малце љубов таму“, вели Смилевска.

Таа пораснала со делата на американскиот стрип уметник Бил Ватерсон, анимациите на студиото „Дримворкс“ од раните 2000 години, како и Жан Жиро, Јунџи Ито и Роберто Фери…

„За во иднината би сакала да продолжам со можеби повеќе доверба во себе и повеќе верба во фактот дека колку и да ти се развиени вештините во моментов, во иднината што и да направиш ќе изгледа по добро од тоа што го правиш сега. Така што, нема поента да чекаш да станеш „подобар” за да започнеш проект кој сакаш да го создадеш. Со тоа сакам да им кажам на сите мои другари кои цртаат но не се сметаат за ‘уметници’ да се обидат да направат тоа што сакаат без разлика на ниво на вештина. Не е само крајниот продукт, процесот го прави делото да важи“, смета младата уметница.

Смилевска е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:

 

View this post on Instagram

 

My faves from yesterday’s requests. Thank u all for the great ideas!!!

A post shared by цртам големи раце (@holographings) on

 

View this post on Instagram

 

Old x2 (mi fali zagreb :( )

A post shared by цртам големи раце (@holographings) on

 

View this post on Instagram

 

Old x3

A post shared by цртам големи раце (@holographings) on

 

View this post on Instagram

 

Webomic coming uhhh some time maybe possibly 👁️👄👁️

A post shared by цртам големи раце (@holographings) on

 

View this post on Instagram

 

dmcV shite concepts

A post shared by цртам големи раце (@holographings) on