Ѓорѓи Десподов доаѓа од Прилеп, но живее и работи во Софија, Бугарија. Тој е 3Д илустратор со огромна љубов за модната фотографија.
„Мојот креативен пристап кон дизајнот е да создадам силен впечаток за надворешната форма со имплицитен наратив. Во мојата работа се обидувам често да прикажувам колекција од обични предмети во необичен контекст, давајќи нови значења на познатите работи “, вели тој за Радио МОФ.
Десподов е уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации: