Христина Ѓорѓиевска е студентка на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во последно време нејзина пасија е јапонската музика, па затоа и нејзините илустрации се повеќе фокусирани на оваа култура.
„Се занимавам со типографија и илустрирање, па така работата не ми е досадна, бидејќи секогаш има нешто ново да се научи и да се примени. Исто така, забележав дека репетитивно користам кругови во дизајните, па така станаа мој заштитен знак“, вели таа за Радио МОФ.
Ѓорѓиевска е уште една илустраторка кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:
*Доколку и ти си илустраторк/ка и сакаш да споделиш дел од твојот труд со нашата публика, пиши ни на нашиот Инстаграм профил, или на info@radiomof.mk