#ИнстаИлустрации – Игор Калц

Игор Калц е дипломиран историчар на уметност, вработен како технички уредник, графички дизајнер и карикатурист во „Нова Македонија”.

Со колажот како медиум, авторот се обидува понекогаш на духовит, но почесто на ироничен начин да си поигрува со познати или препознатливи визуелни елементи, ставајќи ги во некоја нова реалност. Во делата преку случаен и ненамерен избор на симболи и значења (елементи на еротско, митско, мистично, фантастично, надреално…) се создава неочекувана реалност во што всушност и лежи магијата и убавината на колажната техника, понекогаш користејќи некои средства или логика што се користат во рекламата и адвертајзингот.

Сепак, и покрај тоа што овие дела може да се гледаат како аналитички и критички осврт на секојдневието, нивната првична идеја е да бидат смислен и креиран простор за игра. Преку изместување од претходниот (изворен) контекст на одредени слики и нивна комбинација со што се креаираат нови претстави (портрети, женски акт и имагинарни пејсажи), односно поставување на предмети што физички не припаѓаат во одредена визуелна претстава, авторот создава нова реалност, која би може да биде некој вид на нов современ надреализам, кој се заснова на фигурацијата.

Калц е уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации:

 

View this post on Instagram

 

“Stairs to the stars” #collage #art #retro #surrealism #vintage

A post shared by Igor Kalc (@igor_kalc) on