#ИнстаИлустрации – Илијана Такашманова, wabisabi

Илијана Такашманова е студентка на Академијата за визуелни уметности – Џолев и уметностите. Таа вели дека Академијата придонела во нејзиното техничко знаење и ослободување на креативниот дух.

Во нејзините илустрации често се забележува исцртување на човечки тела, движења, барање на формите во меѓучовечките односи, како и просторот што се создава во секојдневни интеракции.

,,Човечкиот лик кој некогаш беше целовит, некогаш недовршен. Артист кој трага во својата потсвест за да ја прикаже содржината преку формите и боите кои се внимателно избрани во моите илустрации.

Инспирацијата, вообичаено ја наоѓам во музиката, во филмската уметност која на дискретен начин зборува и непоколебливо поттикнува. Уметноста ја гледам како ментална слика која го врамува нејасното; како еден мистичен процес на пренесување идеи од внатрешниот свет во надворешниот”, објасни таа за Радио МОФ.

Такашманова е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:

https://www.instagram.com/p/B-pL_VunS4L/

https://www.instagram.com/p/B-zeMVcHwCL/?igshid=eyp6wb2r1xm2

https://www.instagram.com/p/B-ZZYsxHpOA/

https://www.instagram.com/p/B-PTbHYBO05/

https://www.instagram.com/p/B-ZZSPzngbo/