Ива Ѓорѓиевска е втора година во СУГС „Орце Николов“ во Скопје. Цртањето е нејзино хоби кое во иднина планира да го претвори во професија.
„Најмногу инспирација добивам од цртани како „Gravity Falls”, „Steven Universe”, „Owl House” и „Star vs the forces of evil”. Особено обожувам да цртам ликови од филмови, серии и цртани. Лични „milestones“ за цртање ми се да научам да цртам позадини и да анимирам. Се надевам дека еден ден и јас ќе направам моја сопствена анимирана серија“, вели таа за Радио МОФ.
Ѓорѓиевска е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации: