Ивана Кочарова ни доаѓа од Дојран. Таа има 26 години и студира Англиски јазик и книжевност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа од мали нозе се вљубила во уметноста, особено во цртањето портрети.
„Неодамна започнав со работа во Adobe Illustrator Draw и најчесто цртам cartoon ликови или предмети од дадени фотографии каде експериментирам со боите и додавам текст или разни објекти со цел да доловам некоја емоција или ситуација од секојдневниот живот. Главна инспирација ми е сензуалноста на женското тело, мистичноста на космосот, како и убавината на природата односно цвеќињата“, вели таа за Радио МОФ.
Кочарова е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:
View this post on Instagram