Ивана Мартиноска е млада уметница од Охрид, која дипломирала на Универзитетот „Св. Апостол Павле”, а во моментов работи како iOS девелопер. Долго време цртала илустрации и портрети на традиционален начин со желба да научи и дигитална уметност. Но, од неодамна таа тргна во потрага по својот стил.
„Цртањето за мене е еден вид терапија, па мојата цел е таа позитивна енергија што ја имам додека цртам да ја пренесам преку своите илустрации и да направам и побудам подобро расположение во нечија душа. Сѐ уште сум на самиот почеток, но во иднина би сакала да направам стикери со своите илустрации и евентуално еден ден да илустрирам сликовници“, вели таа за Радио МОФ.
Нејзина најголема инспирација се луѓето од секојдневието, деталите, убавите моменти, природата, вибрантните бои, омилените книги, филмови…
„Кога станува збор за уметници, би ги издвоила Максфилд Периш и Ван Гог од традиционалните уметници, Thomas Herpich, Justin Roiland, Hayao Miyazaki, Ania Tomicka, Ilya Kuvshinov од современите артисти, исто така голем број на талентирани артисти кои што можат да се најдат на Instagram, Art Station и Behance, секако тука вклучувајќи ги нашите локални уметници и моите талентирани пријатели“, посочи таа.
Мартиноска е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram