#ИнстаИлустрации – Ивана Пановска

Ивана Пановска е трета година на студиите по Дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Вели инспирацијата најчесто доаѓа во доцните часови.

„Ме инспирира модата. Според некои цртежи се прикажувам себе си, мојот карактер и моите пријатели. Голем фан сум на „Марвел“ и „ДС комикс“, магичниот свет на Хари Потер, од каде исто црпам инспирација“. вели таа за Радио МОФ.

Пановска e уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации: