Јана Мишева е графички дизајнер и илустраторка. Таа дипломирала Графика на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, а работи во маркетинг агенција како арт директор, но и како „фриленсерка“ за дизајн и илустрација.
Овие постери се направени од филмовите што ја инспирирале, но работи и на самостојни проекти со поширока тематика.
„Најчесто работам по зададен бриф, тема и се радувам кога тоа се проекти што се инспиративни како дизајн на книга, постер за Скопски џез фестива, Охридско лето, БИТЕФ…“, вели таа за Радио МОФ.
Мишева е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации: