Јасна Николова е студентка по графички дизајн на Факултетот за дизајн и мултимедија при ФОН Универзитет. Средно образование завршила во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје и од тогаш сериозно се занимава со уметност.
Во 2017 година ја освоила наградата за најдобар млад стрип дебитант на „Лесковачка смотра младих стрип аутора“, за стрипот „Soul Chaser”. Годинава пак, за прв пат се промовираше проектот плаФОН за борба против глобалното затоплување, на кој Николова е еден од идејните творци (www.plafon.mk).
„Пасија ми се стрипот и илустрацијата, а инспирацијата за своите дела ја црпам од моите омилени уметници, режисери и писатели. Алберхт Дирер можам да го одвојам како уметник кој најмногу ме инспирираше додека бев средношколец, а еден од омилените правци во уметноста ми е импресионизмот. Бојата ми е најголема експресија во моите дела и затоа ретко работам црно-бели илустрации, но се трудам што почесто да излезам од комфорт зоната. Мислам дека експериментирањето е многу важно за пронаоѓање на својот личен печат и затоа не сакам да се затворам во метафорична кутија кога станува збор за творењето. Сликам и цртам дигитално, но и традиционално, работам на стрип кој би сакала еден ден да го издадам и периодов започнав почесто да работам дигитален колаж“, вели таа за Радио МОФ.
Николова е уште една илустраторка кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:
View this post on Instagram
there’s nothing left for me #collage #texture #digitalcollage #инстаилустрации #digitalart