Јелена Димиќ своето патешествие со цртањето го започнала пред десетина година, кога случајно наишла на дела од илустраторот Aubrey Beardsley и решила да создаде своја верзија од нив.
„Мислам дека оттаму ми е поривот најчесто да цртам ликови со нереални пропорции, а може да ме инспирира и интересен лик од улица, од книга, стих од песна, форма на облак и слични работи од секојдневието“, вели таа за Радио МОФ.
За своите илустрации најчесто користи акварел и туш, но употребува и јаглен, дрвени, акрилни и маслени бои. Во моментов, таа работи на неколку лични проекти, а во иднина сака да навлезе и во детската илустрација.
Димиќ е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram