Јована В. Трајанова e дипломиранa aкадемскa сликарка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, графички дизајнер и сериозен обожавател на стрипови и илустрации.
Со уметност се занимава од средно, кога всушност почнала да црта стрипови и ја освоила награда на Стрип салонот во Велес за најдобар дебитантски стрип.
Досега реализирала две самостојни изложби, учествувала на работилници за стрип и дизајн, а на една од нив и како предавач за стрип техники, каде била задолжена за туширање на стрипот „Integrity Man”. Годинава, пак, ја доби стрип наградата „Лифт“.
„Во последните 2 години сум во голем дел насочена кон дигиталната уметност, а со оглед на тоа што сум од една страна графички дизајнер, а од друга традиционален уметник, секогаш барам начини да ги спојам“, вели Трајанова.
Периодов таа работи на серија илустрации кои ја содржат темата самовили, магија и свет на фантазија, инспирирани од природата.
„Како излезени сцени и суштества од светот на „Lord of the Rings“ , “Narnia” или некоја епска фантазија, но преку симплифицирани илустрации“, опишува таа.
Целта поради која го започнала овој проект е за да си даде и на себе, но и на другите што ги гледаат илустрациите, доза на фантазија која како што вели Трајанова, ќе им го одземе вниманието и ќе им дозволи да заталкаат во некој поубав свет во мислите.
Трајанова е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram