Јулијана Росоклија работи како графички дизајнер и илустраторка.
Во својата работа комбинира аналогни и дигитални алатки и техники, а со молив непрекинато шкрта на својата “табула раса”.
Таа твори во областа на социјалниот дизајн, како и на идејни решенија поврзани со урбанизам, животната средина, социјалните и политичките теми и друго.
Росоклија е уште една илустраторка кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации: