Кристијан Новковски е креативец кој ги спојува музиката и дигиталната уметност во своето творештво. Него го знаеме како тапанар на групите „Светлост“, „Палиндром“ и „The Local Blue“, но и како артист кој изработува постери и колажи.
„Љубовта кон музиката е многу одамна, а усовршувањето е секојдневно“, вели тој за Радио МОФ.
Истото важи и за графичкиот дизајн, за што решил да се дообразува во Едукативниот центар – Семос.
Инспирацијата, пак, вели тој, најмногу доаѓа од музика и филмови, но и од профилите на @trashriot, @igor_kalc, @statusserigraph, @dabulgadesign, @diogomssoares, @suicidegirls.
Новковски e уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram