Крсте Кочев е самоук графички дизајнер и летеринг артист од Гевгелија.
Со летеринг се занимава во изминативе пет години, а специјалност му се рачно исцртани типографски логоа и најразлични натписи за пакувања.
„Rob Clarke, Peter Becker и Mark Caneso се дизајнери од чија работа имам најголемо влијание и од чиј стил имам најмногу ‘крадено’. Особено сум горд што годинава ги делам страниците со Mark во годишното издание на Typism, каде што се објавува најдоброто од летеринг, типографија и калиграфија за изминатaта година на глобално ниво. Оваа година, за Typism Book 6 имаше пријавено без малку 7 илјади дизајни од кои стручно жири одбираше 190 кои беа објавени во книгата“, раскажа Кочев.
Овој дизајнер за себе вели дека постојано бара нови предизвици кои се надвор од неговата комфор зона.
„Стекнување на нови вештини кои на некој начин ги комплементираат оние што веќе ги имам е главна цел. Годинава се зафатив со дизајнирање на фонт и цртање на мурали“, вели тој.
Кочев е уште еден графички дизајнер кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите дела:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram