#ИнстаИлустрации – Лазе Трипков

Лазе Трипков е визуелен уметник со богато искуство. Тој е вонреден професор на Меѓународниот балкански универзитет, но е и основач на „Плакарт“ и „Скопје постер фестивал“. Трипков е и поранешен директор на Музејот на современата уметност, иницијатор и куратор на бројни меѓународни проекти и изложби, како и ко-соновач на Скопската недела на дизајн и член на Одборот на Варшавското биенале на плакат.

Тој неодамна работеше на својот уметнички проект насловен „My creative thoughts – Isolation Mood“ кој претставува серија на постови/постери кои ги изразуваат неговите лични ставови и расположение за време на пандемијата предизвикана од Ковид-19. За него, тоа е еден вид на „креативни предности на личните перцепции“.

„Секој ден е посветен на лична креативна рефлексија. Воспоставувам интимна врска со самоизолацијата, да ја разберам за да може да најдам некое лично објаснување за истата“, вели тој за Радио МОФ.

Циклусот траел 30 дена, бидејќи според Трипков, тоа е доволно за да се испратат сите промени, да се согледаат личните размислувања и разбирања на изолацијата, но и да напредува и влијае на самиот себе преку дизајнот. Серијата, соопшти тој, доби и втор дел, т.н. „Post-Iolsation cretaive thoughts”.

Трипков e уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации:

 

View this post on Instagram

 

No. 16/30 personal expressions during isolation – Creative Reflections Ahhh, i miss those longer days… I want them to be longer and warmer. I don’t like too much hot, but i cannot stand this weather anymore… I should maybe imagineif it is a summer, it will make me happier, i think… I noticed that i am becoming more curious and sensitive. Maybe i am being reborn again… . . . #design #graphicdesign #designchallenge #graphicdesigners #poster #posterart #posterinspiration #posterdesign #posteroftheday #designinspiration #moodygraphics #postereposter #visualart #swisstyle #eyeondesign #designinspo #visualcommunication #snapmagazine #isolationdesign #yorokobu #designfeed #affiche #art #artwork #postereveryday #typographicposter #postereverydaychallenge #typeposter #itsnicethat

A post shared by Laze Tripkov (@laze_tripkov) on