Лирим Хоџа, или Лирка како што повеќето го познаваат, е графички дизајнер од Скопје, кој дипломирал на Универзитетот Ланкашир во Солун. Тој работи со традиционални, но и дигитални методи.
„Не можам да изберам кој начин повеќе ми се допаѓа бидејки се многу различни, но традиционалното цртање ми делува многу смирувачки. Мора да е нешто подлабоко што нè тера физички да твориме. Секогаш сум избегнувал да се наречам уметник. Мислам дека зборот има премногу широко и недефинирано значење. Во секој случај, меото изразување преку творење е начин на
справување и празнење, и многу сум среќен што го најдов. Се надевам секој ќе има прилика да го најде својот“, вели тој.
Неговата инспирација, објаснува Лирка, се луѓе кои преживеале мака и бираат да продолжат да живеат како гладијатори, па затоа во неговите дела, мечот е повторувачки елемент.
„За подобро да ги разберете моите дела, најпрво сакам да ја споделам мојата перспектива. Уште во градинка се запознав со нешто што подоцна дознав дека се нарекува сексизам. Беше одвратно да гледам како мои другарки претрпуваат непочит, и со време развив многу голема почит кон женскиот пол. Не сакав да гледам како некој расте оштетен поради нечии фрустрации. Општо менталното здравје е запоставено во општество кое има проблеми со комуникација“, појаснува Лирка.
Според него, светот би бил подобро место ако се направи исчекор кон подеднакво вреднување на луѓето, и покрај разликите.
Во 2018 тој ја одржа својата прва изложба во КИЦ насловена „EULOGY”, со која обработувал општествени прашања преку сатирички и митолошки теми. Неговите „fanart“ дела досега ги споделиле пејачките Дуа Липа и Севдализа.
Лирка e уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Spare me the bullshit Karen, my dogs can smell your lies from miles away.