#ИнстаИлустрации – Марија Цветановска

Марија Цветановска учи графички дизајн во средното училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје. Периодов таа работи на нејзиниот стрип насловен „Awakening of the eye“, кој се надева дека наскоро ќе биде целосно достапен за јавноста.

„Според мене уметноста е начин на кој човекот може целосно да се изрази со својата емоција и интелект. Мислам дека за да создадеме нешто од што ќе чувствуваме восхит треба да веруваме на својата интуиција. Иако понекогаш уметноста може да изгледа доста апсурдно, сепак си има свое значење што понекогаш бара повеќе внимание за да биде пронајдено. Јас сè уште сум во фаза на изучување на уметноста, но тоа е начинот на кој што јас сега ја гледам и верувам дека секој има свој начин“, вели таа за Радио МОФ.

Во однос на инспирацијата, пак, таа вели дека најмногу ја црпи спиритуалниот свет, детската фантазија, но и музиката.

Цветановска е уште една илустраторка кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by maric (@maric1892) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by maric (@maric1892) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by maric (@maric1892) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by maric (@maric1892) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by maric (@maric1892) on