Марија Мартиноска е самоука уметница од Струга, која со цртањето, а особено со дигиталната уметност, започнала да се занимава пред 7 години.
„Моите најголеми инспирации отсекогаш биле филмовите на „Дизни“ што ги гледав како мала. Отсекогаш ме привлекувале филмови и книги кои раскажуваат за бајки и работи од фантазијата. Јас се стремам да создадам слични дела, кои што ќе им помогнат на помали деца да ја развијат нивната креативност“, вели таа за Радио МОФ.
Засега, Мартиноска е фокусирана на развивање на својот стил и приказните кои сака наскоро да ги реализира, но во иднина планира да илустрира и објави сликовници за деца.
„Мојата уметност ми помогна да надминам многу тешки времиња, знаејќи дека е нешто на кое што секогаш можам да се вратам, ми носи утеха. Благодарна сум што ја имам и секогаш ќе ја имам мојата уметност“, истакнува таа.
Мартиноска e уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации: